Кејт Мидлтон го откри нејзиното хоби: Го совладала за време на карантинот

фото: Getty Images/Rex

Војвотката од Кембриџ призна дека била исклучително зафатена за време на карантинот. Со домашно школување на своите три деца, волонтирајќи и притоа сè уште ги извршува кралските должности преку видео повици, Кејт има оставено малку време за себе, но во четвртокот откри дека таа искористила дел од тоа време за да совлада хоби што го сака - фотографија.

Војвотката од Кембриџ се смета себеси за аматерски фотограф.

За емисијата на Холи Вилфоби и Филип Шофилд, Кејт Мидлтон откри дека започнала натпревар за фотографија со еден од нејзините покровители - Националната галерија на портрети, војвотката призна дека вежбала да фотографира со помош на нејзините три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

На прашањето на Холи какви совети за фотографија може да даде на некој што сака да научи фотографија, Кејт откри:„ Па, јас сум многу аматерски фотограф. Се уште учам, ја земам мојата камера и ги фотографирам децата затоа што тие секогаш се околу нас кога работиме “.

фото: Rex

Војвотката даде неколку одлични совети. "Една од фантастичните работи во врска со фотографијата е навистина фаќањето на момент, не е сценирано, не ја расчистувате вашата куќа, за да го имате совршеното студио. Фотографијата е забележување на оние моменти кои ги чувствувате реално."

Таа додаде: „Тоа е моќта на фотографијата, може да фати момент, а да раскаже приказна“.

Војвотката ги прави официјалните портрети на нејзините деца, Џорџ, Шарлот и Луис, од 2015 година. Кејт студирала историја на уметност на универзитет, Националната галерија на портрети беше една од нејзините први кралски покровители во 2012 година и Кејт беше ставена за почесен член на Кралското фотографско друштво во 2017 година. Таа стана патрон на организацијата минатата година, претходно кралицата ја имаше таа функција цели 67 години.

извор: Hello magazine

(ФОТО) Како близначки: 25 моменти кога принцезата Дајана и војвотката Кејт Мидлтон биле облечени речиси идентично