Кејт Мидлтон има една чанта во 13 бои: Дамска е и крајно едноставна, со сѐ се комбинира (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:PROFIMEDIA

Неодамна беше објавено дека палатата повеќе нема да споделува информации за облеката на Кејт Мидлтон, но сепак има одредени парчиња до кои таа секогаш строго се придржува и чија популарност е голема, благодарение на омилената Британка!

Едноставната елеганција на принцезата од Велс ги освои нејзините обожаватели, а нејзините безвременски парчиња како класични јакни, палто-фустани и салонки во неутрални бои се нејзиниот препознатлив стил.

А кога се чантите во прашање, ниту Кејт не отстапува од класиката! Тие се префинети и елегантни, а најзастапен меѓу нив е еден модел.

Имено, станува збор за брендот „Еми Лондон“, моделот на чанта „Наташа“ а судејќи по фотографиите на Кејт Мидлтон, ги има вкупно 13.

View this post on Instagram

A post shared by Emmy London (@emmylondonofficial)

Моделот „Наташа“ е многу едноставен, а станува збор за мала чанта која лесно се носи во рака и најчесто доаѓа во верзија изработена од италијанска велур кожа, а се затвора со помош на магнет.

Чантата е рачно изработен производ кој се карактеризира со едноставност и софистицираност. Таа може да се носи и со метален синџир, кој Кејт, сепак одбира да ја носи во рака.

Цената на оваа чанта е околу 480 евра.

фото:instagram printscreen
извор:zena.blic

Се копираат една со друга: Фустанот кој дамите од кралското семејства го носеа 9 пати (ФОТО)

На глава го носеше „Љубовниот јазол“: Кејт Мидлтон на првиот банкет како принцеза, со омилената тијара на Лејди Дијана

Јелена Ѓоковиќ во истите чевли кои Кејт Мидлтон и Меланија не ги соблекуваат: Совршена висина на штикла која од секоја жена прави Божица