Кејт Мидлтон прв пат во јавноста откако Хари го изнесе валканиот веш за неа: Сите гледаат во нејзиното лице
Принцезата од Велс денеска се појави за прв пат во јавноста откако вчера беа објавени мемоарите на принцот Хари „Spare“ во кои нималку ласкавите приказни за неа заземаат важно место.
Мрачно што не може да биде помрачно, вака изгледа Кејт Мидлтон на фотографијата која имаше одек речиси како споменатата книга.
Принцезата од Велс била многу внимателна додека го возеше автомобилот, фотографирана во близина на нејзиниот дом во Виндзор. Таа, исто така, остава впечаток на голема загриженост и ја нема нејзината препознатлива широка насмевка .
Не е чудно што многу луѓе нејзиното расположение го поврзуваат со сето она што се случило во последните 10 дена, а принцот Хари го изразил тоа во книгата, иако сликите секако не се нејзин одговор на семејниот скандал.
Во своите мемоари и во ТВ интервјуа за CBS, ITV, „Добро утро, Америка“ и „The late show“ на Стивен Колберт, Хари откри голем број семејни тајни, детали од неговиот живот, нагласувајќи дека ја претставува својата страна на приказната.
Книгата не наиде на позитивни коментари бидејќи многумина сметаат дека тој ги надминал сите мерки со индиректни напади врз семејството. Го обвинуваат што конкретно повторно не кажал што е главниот камен на сопнување меѓу него и неговото семејство, оставајќи простор за бројни заклучоци.
Има и такви кои го поддржуваат, па дури и велат дека не кажал „ништо толку лошо“.
Да потсетиме дека Хари ги сподели со јавноста деталите од преписката меѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл, која се случила четири дена пред свадбата на војвотката и војводата од Сасекс во 2018 година во Виндзор. Тој постојано изјавувал дека принцезата од Велс ги иницирала расправиите, како и видно покажувајќи нетрпеливост кон неговата сопруга.
Од првата средба беше јасно дека се два различна света, а судирот брзо ескалираше: Јасно е зошто не се сакаат Кејт и Меган
ФОТО: Инстаграм