Кејт покрај сликата објави роденденска снимка од принцот Луис, малиот го украде целото внимание: „Ист е како мајка му, а колку само пораснал“ ...ФОТО+ВИДЕО
На Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс денеска е објавена роденденската фотографија на нивниот син Луис. Кејт Мидлтон ја прекина старата традиција, бидејќи овој пат не се најде зад објективот, туку направи чекор напред, а многумина се надеваат дека на ист начин ќе и честита на својата ќерка, принцезата Шарлот, која на 2 мај ќе го прослави својот 10-ти роденден.
На фотографијата од Џош Синер, принцот Луис Артур Чарлс позира во едноставен џемпер, кошула и фармерки. Роденденското издание го краси прекрасна насмевка, која е уште пошармантна со оглед на тоа што помладото дете на Вилијам и Кејт, како и неговите врсници, мака мачи со никнувањето заби.
Кејт Мидлтон до сега ги фотографираше своите деца Луис, Шарлот и Џорџ за да им честита роденден. Тоа го направи и минатата година, за сега да ја смени традицијата.
Фотографиите на принцезата беа одраз на нејзиниот талент, а служат и како илустрација за растот на нејзините деца, па видеото со принцот Луис во главната улога е проследено со коментари: „Иста мајка“, „Клон на принцезата Кетрин“, „Како само што порасна“, „Времето лета, децата растат“.
Повеќето велат дека принцот Луис е копија на неговата мајка Кејт Мидлтон, иако некои истакнуваат дека тој ќе биде висок како неговиот татко, принцот Вилијам.
Пред неколку години се коментираше дека Луис ги собрал гените на Мидлтонови, додека Шарлот е огледална слика на нејзината баба, кралицата Елизабета Втора, иако ја споредуваат и со нејзиниот татко Вилијам, а Џорџ се вели дека ја наследил генетиката на Спенсери, семејството на баба Дијана, па момчето го споредуваат со братот на Лејди Спесерн Ди.Принцот Луис важи за најпалавото дете на британскиот двор, а со своите гримаси безброј пати ја насмеа јавноста. Некогаш се зборуваше за неговиот брат Џорџ, кој сега е посериозен на јавни настани, а Шарлот е најдобар познавач на традицијата и протоколот, па постојано му сугерираше на постариот брат што да прави кога ќе заборави некое правило.
Ќе видиме дали Кејт на ист начин ќе го прослави роденденот на Шарлот, а потоа и 12-тиот роденден на принцот Џорџ кој ќе се прослави на 22 јули.