Кекс коцки од бела чоколада: Закуска за паметење
Неодоливата комбинација на кексот и белата чоколада ќе ве освои од прва...
Потребни состојки:
За кори: може да користите готови кори за торта.
Плазма фил: 300 грама белени бисквити, 50 грама кафеав шеќер (може и обичен или во прав), 100 грама растипен путер, 20-тина лажици млеко.
Бел фил: 700 милилитри млеко, 5 лажици густин, 5 лажици кокос, 1 ванилин шеќер, 50 грама шеќер, 200 грама бело чоколадо, 50 грама путер.
Глазура: 200 грама бело чоколадо, 100 милилитри хопла.
Начин на подготовка:
Најпрво се прави плазма филмот, за него во блендер изблендирајте ги бисквитите, шеќерот и путерот и постепено додавајте млеко. Блендирајте и додавајте млеко, сѐ додека не добиете крем како нутела. Ќе потрае неколку минути и потоа тргнете го настрана, но не во фрижидер.
Сега направете го другиот фил, од млекото одвојте 100 милилитри, во него растворете го густинот, остатокот од млекото измешајте го со шеќер и ванилин шеќер и ставете го да се вари. Кога ќе зоврие, тргнете го од рингла, измешајте го густинот и варете уште 2 минути. Во врелиот фил додадете го путерот, чоколадото и кокосот и мешајте додека состојките не се соединат.
Првата кора ставете ја во садот во која ќе го редите овој десерт, на неа намачкајте половина од плазма филот, па ставете ја втората кора, на намачкајте половина од белиот фил, па повторно кора, па плазма фил, па последната кора и на крајот премачкајте ја цела торта со белиот фил и оставете го колачот да се лади 1 час. Филот се мачка врел, ладењето следува кога сѐ ќе се состави.
Потоа се прави глазурата, слатката павлака загрејте со чоколадото, мешајте на средна темепратура и штом се соединат состојките тргнете ја оган. Глазурата рамномерно размачката на целиот колач и повторно ставете го да се лади, по можност цела вечер.
Следниот ден исечете ја на коцки и сервирајте. Тие не се премногу меки, па дури може да се јадат и со раце.
фото: Shutterstock* ПР - објава