КЕМБРИЧ ОТИДЕ АМА ДИГИТАЛНИТЕ УЧЕБНИЦИ СТАНАА СКРИПТИ: Четвртоодделенците меѓу замислите и реалноста

Колку е дигитален процесот на учење во основните улчилишта во четвртите одделенија каде требаше да се применува од годинава? Додека учебната година го троши првиот месец, во повеќето училишта нема паметни табли, учениците немаат уреди преку кои можат да имаат пристап до учебниците во училниците, а немаат ниту печатени учебници. Вистински хаос владее и меѓу учениците и кај наставниците кои се прилагодуваат на новиот начин на настава. Дел од родителите решија да им ги испечатат на учениците дигиталните учебници и сега тие учат како од скрипти. Дел од учебниците во дигиталната форма имаат простор за одговарања, видеа, аудиа, но засега не сите деца имаат пристап до нив. Во училниците само се пишува на табла и тоа обична оти немаат сите паметни табли. Од Министерството за образование и наука, повеќе од една недела не одговараат на прашањата кои Фактор ги постави а кои се однесуваат на сите овие дилеми.

Од годинава во четврто одделение МОН направи дигитални помагала по предметите македонски јазик, математика, придордни науки и општество и историја. Учебниците се симнуваат на е-библиотека и повеќето ученици ги имаат на технолошките уреди дома. Сепак за на училиште немаат пристап до нив, ако во училиштето нема уреди за секое дете, а во повеќето не се обезбедени. Треба да се учи од паметната табла, но има училишта кои ја немаат и неа. Додека не се обезбеди дел од родителите испечатија учебници.

Сите детали читајте ги на Фактор тука.