Кевин на еден ден: Куќата од „Сам дома“ се издава за незаборавно Божиќно доживување

Ѕирнете во внатрешноста.

Семејната комедија „Сам дома“ е празничен филм кој многу гледачи го имаат научено напамет. Но, кога како возрасен ќе го погледеш овој филм, сигурно ќе ти се појави прашањето за тоа што работел татко му на Кевин за да може да си дозволи ваква раскошна куќа?

Овој прекрасен дом во филмот се наоѓа во Чикаго, Америка, но всушност е лоциран во неговото предградје Винетки. Кога во 2011 година оваа куќа е објавена на оглас за продажба, почетната цена изнесувала 2.4 милиони долари.

Откако стана позната благодарение на филмот од 1990 година, куќата е реновирана и прилагодена на 21 век.

A сега Airbnb одлучи да ги отвори вратите од куќата во која се снимаше овој филм на еден ден.

За едно деноноќие по цена од 25 долари, четворица ќе можат да ја посетат и престојуваат во оваа куќа, да вечераат во истата кујна во која Маколеј Калкин пред 30 години уживал во пици.

Исто така, гостите ќе можат да уживаат во ноќта со игри и брза храна од 1990-тите заедно со Баз, братот на Кевин Мекалистер, кој во филмот го игра Девин Ретрај.

Згора на тоа, гостите ќе уживаат во врвната забава на гледање на филмот „Сам во куќата“ во уникатна средина.

ГАЛЕРИЈА во продолжение: 

- КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС:


- КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ВО ФИЛМОТ: