Кичо Слабинац на респиратор: Музичката легенда пред голем животен удар

По имплантацијата на три стента, пејачот Крунослав Кичо Слабинац е буден и е под лекарства и неговиот живот не е во опасност 

„Кичо Слабинац не е ставен во никаква кома, како што велат некои непроверени информации,  тој на лекови и беше ставен на респиратор, да се одмори и за да заздрави неговата градна коска. Целта е додека е на респиратор, да се формира така наречена фиброзна плоча и после тоа градната коска се обновува. Значи, Кичо е буден, но под лекови и под надзор во единицата за интензивна нега. Не му е загрозен животот “, рече д-р Хрвоје Гашпаровиќ од КБЦ Загреб, кој  го оперираше Слабинац.

Тој додаде дека веќе би бил дома доколку немаше проблеми со заздравувањето на градната коска предизвикана од прекумерната тежина.

Кичо е познат по хитовите „Због једне дивне црне жене“ и „Инати се Славонијо“, а оваа година славеше 50 години од својата кариера.