Ким даде многу пари за највредниот накит на принцезата Дијана: Кога луѓето слушнаа колку платила за крстот занемеа
По фустанот на Мерилин Монро што го носеше на минатогодишната Мет Гала, Ким Кардашијан не сакаше да се откаже додека не го купи крстот што го носеше принцезата Дијана. Принцезата Дијана во неколку наврати го носеше луксузниот привезок направен во 1920 година од познатиот британски златар Џарад.
Крстот беше продаден за 163.800 фунти (околу 187.000 евра) на аукција одржана во средата во Лондон. Така, приврзокот што принцезата го носеше на хуманитарна гала вечера во Лондон во 1987 година, беше продаден за двојно повисока цена од очекуваната. Крстот е украсен со дијаманти со вкупна вредност од 5,25 карати.
Kim Kardashian has purchased Princess Diana’s iconic diamond cross necklace.
— Pop Crave (@PopCrave) January 18, 2023
: https://t.co/L13QJCDbaP pic.twitter.com/Mn3QTdBfeO
„Накитот што го поседува или носи принцезата Дијана ретко е на пазарот за продажба, особено кога станува збор за накит како што е крстот Attalah, кој е посебен“, изјави пред продажбата Кристијан Спофрот од аукциската куќа „Sotheby's“.
Минатата година Ким Кардашијан (42) го носеше фустанот во кој американската актерка Мерлин Монро во 1962 година му ја отпеа „Happy Birthday“ на претседателот Кенеди на гала вечера во музејот Метрополитен во Њујорк.
Музејот на Рупли, сопственик на култниот фустан, мораше да ги негира наводите дека Ким Кардашијан го оштетила фустанот додека го носела.
Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм/Твитер