Ким ја послуша мајка си: Го „заведе“ поранешниот свршеник на Џенифер Лопез

Иако сè уште официјално не е разведена од раперот Канје Вест, се чини дека најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, веќе пронајде нова љубов.

Имено, станува збор за Алекс Родигез, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, а како што пишува „Мирор“, Ким за ова била убедена/наговорена од нејзината мајка Крис Џенер.

Се пишува дека тие двајца биле во контакт последните месеци и сериозно размислуваат за врска, со оглед на тоа што Ким бара некој што ќе може „да и парира кога станува збор за статусот и финансиите“.

Крис Џенер верува дека Ким и Алекс се новиот „златен пар на Америка“.

„Ким не е од типот на Алекс, но тој сака да најде позната девојка за да и се спротивстави на Џенифер, која е во врска со Бен Афлек. Покрај тоа, Ким е помлада од Џен, а Алекс е импресиониран што таа сака да стане адвокат“, изјави извор за „Heat“, додавајќи:

„Рано е, но изгледа како да се загреваат еден за друг“.

Сепак, други извори блиски до семејството Кардашијан-Џенер тврдат дека Ким и Џеј Ло се добри пријателки и дека нема шанси овие тврдења да бидат точни.

Од друга страна, додека Лопез ужива во старата љубов, Бен Афлек, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, раперот Канје Вест е во врска со Ирина Шајк.


Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER, EPA/JASON SZENES

Можеби ќе ве интересира:

Нов скандал со Кардашијанс: Поранешен телохранител ја тужи Крис Џенер за сексуално вознемирување!