Ким Кардашијан била во тајна посета на Србија: Еве што ја воодушевило таму

Ким била воодушевена од прекрасната природа, но и од српските специјалитети, кои Славка Николиќ ги подготвила за неа и нејзините колеги. 
Српски новинарски тим ја пронашол Славка да раскаже за посетата на Ким, па таа се сеќава на средбата со сопругата на раперот Канје Вест.

Инаку, најпознатата старлета во светот била во тајна посета на Србија, пред три години.

Таа го посетила природниот резерват Увац со екипата на Травел каналот на 1 септември 2017 година. Во тоа време, тие снимале емисија за тој дел од Србија.

„Малкумина знаат дека Ким беше во нашата земја. Имавме можност да ја видиме, затоа што ја доведоа преку Туристичката организација на Сјеница за да снимаме извештај за каналот „Травел“ од Индија. Тие не останаа долго, околу два часа, таа седеше на оваа маса “, рече Славка, покажувајќи го местото каде Ким уживала веднаш до вештачкото езеро.

Николиќ раскажува и како се однесувала Кардашијан.

„Убаво, културно и добро. Очигледно беше дека таа е воодушевена од природата во Србија. Јас и сервирав пита, како и пиперки со кисела павлака, но таа не сакаше да проба, побара газиран пијалок и го испроба нашиот традиционален пијалск - ракија.
Таа е убава жена, пријатна, опуштена, природна. Имаше околу петнаесет луѓе во групата, тие снимија извештај за Увац. Таа ги прошеташе нашите меандри, се прошета покрај вештачкото езеро“ - се сеќава Славка.

Николиќ вели дека старлетата била ограбена токму кога се враќала во Америка од Србија преку Франција. Таа за тоа дознала од медиумите.

„Кога ја напушти нашата земја, беше ограбена на аеродромот во Франција. Тоа го видов на телевизија во нејзиното реално шоу. Верувам дека нејзиниот престој во нашата земја ќе остане во нејзината убава меморија“, рече Славка.

Директорот на туристичката организација Сјеница, Михајло Трипковиќ вели:
„Таа уживаше во возењето на езерото Сјеница и ги обиколи меандерите на Увац. Таа беше воодушевена од природата и секако уникатната гастрономска понуда, со насмевка на лицето рече дека никогаш не сретнала такви обични и гостопримливи луѓе со големо срце “.

извор:stil.kurir.rs

Kанје откри интимни детали, па Ким експресно врати: Мојот сопруг има биополарно растројство