Ким Кардашијан повеќе заработува од една Инстаграм објава, отколку од цела сезона од реалното шоу

Постави стандарди...

Не е тајна дека Ким Кардашијан има мозок за бизнис - таа е најголема ријалити ѕвезда на светот, а покрај тоа има козметичка линија, облека за дефинирање на линиите на телото, игра која ги собори сите рекорди и многу други работи.

Благодарејќи на реално шоу „Во чекор со Кардашијанс“ се прослави, но вели дека од тоа не заработува многу.

Гостувајќи во емисијата на Дејвид Летерман, „My Guest Needs No Introduction“, Ким откри интересен факт - реалното шоу го снимала од љубов.

„Немаше да бидеме тоа што сме доколку ја немаше серијата „Во чекор со Кардашијанс“ и поради тоа продолживме да ги споделуваме нашите животи со јавноста“ - раскажа таа, кога ѝ изледа:

„Сепак во реалноста, можеме да објавуваме нешто на социјалните мрежи и да заработиме многу повеќе отколку што заработуваме за цела сезона од реалното шоу.“

Ким Кардашијан по сезона заработува околу 6 милиони долари, проценуваат американските медиуми, што би значело дека од некои објави на нејзиниот Инстаграм се повреди од оваа цифра.

„Форбс“ нејзиното богатство го процени на 900 милиони долари, па затоа ова воопшто не може да не изненади.