Кинез пее хитови од Тоше Проески и Жељко среде Пекинг: Инстаграм профилот преполн со коментари од Македонија

Младиот Кинез, Ванг Сиао Чонг предизвика лавина позитивни реакции од голем број Македонци кои на неговиот профил на Инстаграм пишуваат емотивни пораки под видеата на кои се гледа како тој среде Пекинг ги пее големиоте хитови на легендарниот Тоше Проески како и српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ.