Кивање, упорна кашлица, течење на носот, алергија или настинка? Пулмологот Марјан Балоски говори за „современата напаст“
Сезонските алергии се модерна епидемија од кои страдаат дури 600 милиони луѓе во светот. „Современата напаст“ може да предизвика сериозни компликации доколку не се стави под контрола и доколку не се третира соодветно, вели во разговор за Фактор, д-р Марјан Балоски, специјалист интернист и супспецијалист алерголог пулмолог.
Во текот на летните месеци граѓаните најчесто страдаат од поленот на дрвјата што го разнесува ветрот, но и од тревите, а подоцна „виновник“ за алергиски реакции се и коровите.
-Во мај и во јуни сведоци сме на пожолтени плочници од липите кои во овој период цветаат, но липата е дрво кое не е голем предизвикувач на алергиски реакции, иако може да предизвика кај лица кои се подложни. Поголеми проблеми на граѓаните им создаваат брезата, леската, дабот и останатите листопадни дрвја кои се расејуваат со ветер. Сериозни алергиски реакции создаваат и тревите, посебно штотуку покосена трева. Кај посензибилни лица поленот од дрвјата и поленот од тревата предизвикуваат алергиски реакции пред се во носот и тогаш зборуваме за алергиски ринитис. Алергиските симптоми се најчесто кивање, чешање на носот и грлото, течење на носот, затнат нос, кашлање...Ваквата состојба честопати е пропратена и со зацрвување на очите, солзење, печење, чешање, посочува д-р Балоски.
Нашиот соговорник посочува дека доколку навреме не се открие дека станува збор за алергиска реакција, а не за настинка, тогаш една индивидуа може да се соочи со многу посериозна здравствена состојба.
Детали на Фактор.мк