Ќе барате парче повеќе: Најбрзиот рецепт за чоколадна торта без печење

Добивај вести на Viber

Фантастична мешавина од вкусови што го гали непцето

Рецепт за торта што може да го направат дури и почетниците.

Потребни намирници:

-200 гр бисквити

За фил:

-55 гр шеќер

-55 гр путер

-55 гр гриз

-25 гр мед

За глазура:

-200 мл слатка павлака

-160 гр црно чоколадо

Големина на тавче 22 х 22 см

Начин на подготовка:

Наредете еден ред бисквити на дното на тавчето.

Ставете го млекото да се загрее, додадете шеќер и гриз и промешајте. Додадете мед и путер и промешајте повторно. Изладете ја добиената смеса 15 минути. Добиениот фил премачкајте гона бисквитите. Одозгора ставете уште 1 ред бисквити и ставете го во фрижидер 1 час.

За глазура, загрејте ја слатката павлака со кршеното чоколадо во микробранова печка 2 минути. Истурете ја добиената глазура врз бисквитите, повторно изладете 1 час и послужете.


Извор и Фото: Youtube/Gurman TV