Ќе бидат ли опфатени и порталите: Владата ќе ги помага новинарите кои известуваа за кризата

Владата планира да им помогне на медиумите кои работеа во време на криза, дознава Фактор. Според нашите информации денеска на Влада треба да биде усвоена Уредба со законска сила за плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за вработените во медиумите.

Владата на ваков начин сака да помогне за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со Ковид-19 за време на вонредната состојба, а со тоа биле директно изложени на ризик. На ваков начин ќе им се дозволи плаќање на придонесот за пензиско и здравствено осигурување за времетраењето на вонредната состојба во висина од 50 отсто од стапката за пресметување на придонесот, а износот ќе можат да го платат со одложено плаќање сметано од септември 2020 година. 

Условот најверојатно ќе биде бројот на вработени да не се намалува над 10 отсто. Нема точна информација за колку месециќе бдие ослободувањето, односно дали за цело времетраење на вонредната состојба или од 15 март наваму.

Фактор не успеа да обезбеди информација ни за кои медиуми ќе важи ова ослободување и дали ќе бидат опфатени и он лајн медиумите кои најревносно известуваа за ситуацијата и имаат значајни загуби од работењето во овој период.