Ќе ги дојам и кога ќе тргнат во училиште: Мајка сè уште ги дои своите синови на возраст од шест и пет години

Се разбира, немаше да има ништо чудно во доењето доколку Шерил не го правеше тоа со момчиња на возраст од шест и пет години.

Британката Шерил Вин (39) од Вејкфилд стигна до вестите, кога на социјалните мрежи откри дека таа сè уште ги дои своите два сина.

Се разбира, немаше да има ништо чудно во доењето доколку Шерил не го правеше тоа со момчиња на возраст од шест и пет години.
Што е уште полудо, Шерил јавно призна дека не ѝ паѓа на памет да престане да дои додека самите момчиња не кажат дека е готово.

- Подготвена сум да ги дојам кога ќе тргнат на училиште - напишала Шерил.

Таа тврди дека мајчиното млеко е нешто што им дава на момчињата сила и неопходна сигурност, но и заштита во животот.

- Не' зближува. Кога ќе настинат, мајчиното млеко веднаш ги враќа во живот. За жал, живееме во општество кое не подржува вакво нешто - додава Шерил.

Следбениците беа немилосрдни во своите коментари, иако многу од нив дадоа добри аргументи зошто Шерил мора веднаш да престане со доењето.

„Доењето е здраво до одреден момент. После тоа, не само што имаш здравствен контра-ефект, туку и од психолошка гледна точка на нивното растење“; „Млекото што го пијат сега веќе не е здраво “, беа некои од коментарите.

Шерил вели дека не им дава значење на коментарите на социјалните мрежи.

- Целта ми е да укажам на предностите на доењето и по општествено наметнатата граница на 'дозволено'. Кога бев во парк со мојот поголем син минатата година, значи тој имаше пет години, сред играње бараше млеко и јас почнав да го дојам. Беше нервозен и веднаш се смири. Некои ме пцуеја, но син ми се смири – изјави Шерил.

извор:Espreso / ladbible.com