Ќе ги штити жените - направена женска паметна нараквица

Ова е нов изум кој ќе им користи на жените. 

Студентка од Универзитетот на Алабама направи прототип на женска смарт-нараквица што при уличен грабеж или напад, испраќа сигнал до полицијата и до блиските на девојката што е нападната.

Накитот наликува на обична алка со два реда бисери. Но, иноваторката Џајун Пател вградила и многу елементи коишто не се гледаат, но можат да спречат дури и сексуален напад, што неретко се случува во универзитетските гратчиња.

Таа се активира рачно, така што преку претходно меморирани телефонски броеви девојката веднаш ја алармира полицијата како за нападот, така и за нејзината местоположба.