Ќе има ли настава од 1. октомври: 79 основни и 34 средни училишта се пријавиле за физичка настава

Вкупно 79 основни и 34 средни училишта до сега побарале одржување физичка настава од 1 октомври. Според податоците од Министерството за образование, станува збор за 20 отсто од сите основни и средни училишта во Македонија, која има вкупно 494 основни и средни училишта во земјата.

Овие барање се пристигнати до владината Комисија, која ќе го има последниот збор дали училиштата ќе смеат да започнат со работа од 1 октомври за кога е закажан официјалниот почеток на новата учебна година во земјата. Во тек е евалуацијата на училиштата, а одлука ќе ја донесе владата на седница в четврток. 

Засега сигналите од Владата се песимистички, бидејќи станува збор за одлука која за да биде позитивна треба да постои добар баланс од бројка на ученици, просторните капацитети и епидемиолошката состојба во општината во која се наоѓа училиштето. 

Според тоа, голема е извесноста дека висок процент на пријавените училишта ќе бидат одбиени и ќе мора да ја започна учебната година со онлајн настава.