ЌЕ ИМАМЕ „ЧУДНИ“ СВАДБИ: Пред веселбата ќе им се мери температура на гостите, ракување и гушкање не е дозволено

Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура (температура повисока од 37,5 степени) веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар, ова е едно од правилата кои се содржани во Протоколот на организирање на свадби и веселби кој го усвои Владата на вчерашаната седница. Денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа рече дека за почитувањето на правилата ќе се грижи организаторот, а контроли ќе прават наделжни институции. Не се прецизираше колкави се казните ако не се почитува протоколот.

Во него стои дека организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во отворениот дел на угостителскиот објект/тераса. Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни.

На влезот на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.

Сите детали читајте ги на Фактор, тука.