Ќе ја затвори ли Македонија границата со Србија и Косово: Утре ќе одлучува Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утре на состанокот ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или дури и затворање на граничните премини со овие две земји, со оглед на развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, информира Министерството за здравство.

-Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија. По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата, се наведува во соопштението на Минситерството за здравство.