Ќе можат да го носат и нејзините внуки: Капутот на Кејт Мидлтон е совршен кога не знаете што да облечете во ноември (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон (40) деновиве посети детски центар во Лондон, каде со вработените разговараше за грижата за менталното здравје на семејството и нивните искуства во помагањето на мајките од ранливите социјални групи.

Сопругата на принцот Вилијам за оваа прилика избра неочекувано луксузно парче, но дефинитивно практично и едно од оние што ќе ги видиме на неа во иднина.

Имено, таа е фотографирана во темно маслинeест капут „Елва“ од брендот „Хобс“, чија цена е вртоглави 369 фунти. 

View this post on Instagram

A post shared by (@katemiddleton_uk)


Принцезата од Велс е позната како голем љубител на капут-фустаните и претпочита подолги капути, кои изгледаат совршено на нејзиното витко тело. Ваквите модели се одличен избор за ноемвриските денови, а Кејт мудро го врза ременот што доаѓа со капутот за дополнително да ја нагласи половината.

Покрај тоа, ова е парче со безвременски дизајн, па ќе може да се носи долго време, а во него би можела да се појави дури и нејзината ќерка принцезата Шарлот кога ќе порасне, во најмала рака.

Под капутот се гледаше плетено маслинесто зелено парче, најверојатно фустан, пишуваат британските медиуми, а Кејт сè искомбинира со маслинести салонки и зелена чанта од брендот „Џими Чу“ за која потрошила повеќе од 700 евра.

Иако е позната по тоа што претпочита да носи накит со многу прифатлива цена, а за специјални прилики позајмува обетки од колекцијата на кралицата Елизабета или од принцезата Дијана, таа сега се почести со обетки со бисери од дизајнерката Кики Мекдонаг, кои чинат повеќе од 600 евра.

Извор: glossy.espreso.co.rs