Ќе одговарам за своите постапки, испив малку повеќе: Се огласи Аца Лукас откако беше приведен во полиција

Откако синоќа во рутинска контрола во Бањица беше приведен пејачот Аца Лукас, тој засрпски „Блиц“ откри што се случило.


- Тука нема ништо спорно. Ме пуштија, повеќе не сум во полиција. Пиев малку повеќе алкохол и тие ме уапсија. Како и секој друг граѓанин, јас бев одговорен за своите постапки. Сега сè е во ред - вели Аца за „Блиц“.

Инкау, пејачот синоќа беше запрен од полицијата и беше однесен во станица. Како што напиша „Курир“, пејачот наводно избегал од полицијата.

Друга патрола успеала да го запре Лукас, а бил извршен и алко-тест, кој потврдил дека има алкохол во крвта. Потоа му бил направен и тест за лекови. Полицијата се обидела да го спречи, но пејачот биларогантен и ја навредувал полицијата, пишува споменатиот весник.

Менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ рече дека не знае ништо за тоа.

- Не знам ништо за тоа, се слушнавме синоќа и тој ништо не ми рече - рече Мирковиќ.


Фото: Youtube/Aca Lukas

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Неверојатна сличност: Синот на Аца Лукас е негова помлада копија