ЌЕ ПАТУВАМЕ ЛИ ЛЕТОВО НИЗ ЕВРОПА: Лидерите на ЕУ се согласија за вакцинални сертификати

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа и покрај пандемијата на вирусот корона, веројатно ќе бидат достапни пред летото.

Синоќа, на редовната видео-конференција посветена на борбата против пандемијата „ковид-19“, лидерите на ЕУ покажаа дека постои зголемена поддршка за т.н. дигитални сертификати за вакцинација засновани врз заеднички европски критериуми за влез во земјите-членки и отворање на општеството по пандемијата.

„Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација“, рече Меркел на прес-конференција по самитот на ЕУ, што се одржа преку Интернет, пренесува Ројтерс.

Лајен: Најмалку три месеци за системот за сертификација

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека земјите-членки ќе треба да донесат одлуки „што ќе може да се направи со сертификатите“ и дека на ниво на ЕУ ќе се користат за да функционира единствениот пазар.

Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк