Ќе се оженев со неа, да не бев во брак: Анџелина се заљуби на прв поглед во оваа жена и со неа откри непозната страна од себе си

Добивај вести на Viber

Фото:Profimedia


Една од најзначајните љубовни врски во животот на Анџелина Џоли беше романсата со актерката и модел Џени Шимицу. Љубовта започна во деведесеттите и траеше неколку години

Анџелина Џоли и Џени Шимицу се запознале на снимањето на филмот „Фоксфајр“ во 1996-та година.

„Веројатно ќе се оженев за неа ако не бев мажена. Се заљубив во неа веднаш штом ја видов", изјави Анџелина за „Girlfriends“ во 1997-ма година, додавајќи дека Џени успеала да ѝ го украде водството во овој филм бидејќи била извонредна.

Фото:Profimedia


Во разговорот со Барбара Волтерс во 2014-та година, Анџелина зборуваше за таа врска: „Бев изненадена, ми се јавија чувства што ги имав претходно кон мажите. Сакав да ја бакнам, да ја допрам“.

Во времето на таа романса, таа беше во брак со Џони Ли Милер, со кого се омажи во 1996-та година и се разведе три години подоцна. Анџелина потоа се омажи за Били Боб Торнтон во 2000 година и тој брак траеше неколку години до 2003-та година. Нејзиниот брак со Бред Пит официјално траеше од 2014-та до 2019-та година.

Мишел Хантер, која на јавноста ѝ е позната како моден гуру, во 2014-та година ѝ го кажа судбоноснтото „да„ на Џени Шимицу, пишува „thelist.com“.

Фото:Profimedia


„Енџи и јас имаме богата историја. А бидејќи таа и Бред се во брак, сфатив дека нема ништо лошо да ја поканам на мојата свадба, иако знаев дека веројатно е премногу зафатена за да дојде“, изјави Џени за „Ју-ес викли“, а по венчавката рекла: „Не дека сакав да ме следи до олтарот или нешто слично, но ќе беше одлично да дојдеше“.

Извор: zena.blic.rs