Ќе те паметиме насмеан: Почина Филип- момчето на кое му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител

Почина 24 годишниот Филип Димишковски на кого пред две години му беше извршена првата трансплантација со матични клетки од несроден дарител. Нема официјална информација која е причината за смртта и зошто дошло до влошување на неговата здравствена состојба, пренесе НОВА.

Неофицијално од лекарски извори, на младото момче му се вратила болеста акутна миелобластна леукемија, скоро две години по направената трансплантација на коскена срцевина.

На социјалните мрежи неговите роднини и пријатели веќе се простуваат од младиот Филип, кој по трансплантацијата во ноември 2018 година преку видео од Министерството за здравство, упати порака до сите пациенти“ да не се плашат да не читаат интернет, да ги слушаат нашите лекари и да ги жртвуваат тие неколку месеци, бидејќи, како што рече, вредат за нашиот живот“.


Писателката Марија Јаневска со емотивна обава се прости од својот братучед:

„Драги пријатели, денес е многу тажен ден за мене и моето семејство. По долга битка со леукемијата мојот братучед Филип Димишовски почина денес во 11:40 часот.
За нас ќе остане една огромна празнина, но ќе се обидеме да го паметиме секогаш насмеан, ведар, полн со разбирање и верба и љубов за животот.
Погребот ќе биде утре на гробиштата во Бутел во капела 1 од 11:30 до 12:00 часот. Фичо, дада ќе те сака секогаш.“