Ќе те следам секогаш чекор до тебе: Трифун Костовски горд на внуката, матурантката Неда

Матурантите се гордост за секој родител, но и за бабите и дедовците кои се радуваат на успесите на своите внуци.

Убавата Неда Костовска е гордост за нејзиниот дедо Трифун Костовски, кој ѝ посака само успеси на патот кој го избрала, а тој, како што ветува, секогаш ќе ја следи и ќе ѝ помага.

Радоста за внуката матурантка. бизнисменот Трифун Костовски ја сподели и со јавноста преку својот фејсбук профил.

Неда изгледа прекрасно во црвен фустан.

„Честитки за сите матуранти во Република Македонија, со мои најискрени желби за нивно доизградување како луѓе кои треба да бидат иднината на нашата држава.
Учете мили мои деца, наоружајте се со знаење, само така ќе успеете во сопствениот живот и животот на целокупната заедница.
Горд сум на мојата внука Неда чие име го носи по мојата покојна баба.
Ангел мој, ти поскаувам да успееш по патот кој што сама си го избрала, а Трики ќе те следи секогаш чекор до тебе“, напиша бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски на фејсбук. 

фото: Фејсбук