Ќе ве расположи, но и натажи: Дани заедно со Пеце за крајот на овој свет

Добивај вести на Viber

Дуетските соработки кај нашите пејачи можат да се избројат на една рака, но за Дани Димитровска и Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“ ова е втора нивна соработка.

„На крајот на овој свет“ е најново дело на Весна Малинова Бабамов, а пораката е директна. 

- Поддршката е суштинска во време кога недостасува музика. Онаа колегијалната од взаемна почит е од особено значење - велат Дани и Пеце.

Видеозаписот за нумерата е приказ на светски катастрофи и наши секојдневија со кои се соочуваме. Во спотот се појавуваат неколку врвни музичари, како што се момците од Conquering Lion, Игор Џамбазов, Пере - Нокаут, Џоле Смат, Љубојна и Вера Јанковиќ кои преку свои пишани пораки се надоврзуваат како поддршка кон пораката која оваа песна ја пренесува.