Ќе ве разнежни: Водителот Амиџиќ искрено за сопругата Даниела од Македонија

Добивај вести на Viber

Популарниот водител, Огњен Амиџиќ зборуваше за својата сопруга Даниела, и не штедеше на комплименти кога станува збор за неа.

Инаку Даниела Димитровска е манеканка, родум од Македонија, а веќе 10 години е во брак со познатиот водител. 

Популарниот водител Огњен Амиџиќ, за спрските медиуми зборуваше за своето семејство, сопругата Даниела, и призна дека сака ново засилување. Брачната двојка го имаат синот единец Матија, но не е исклучено семејството да се прошири.

„Отсекогаш сонував за големо семејство и тоа е моја голема желба, која ќе се оствари, се надевам.  Тешко е денес затоа што треба да се работи како луд за да се грижиш и да му овозможиш се' на своето семејство, но верувам дека секогаш може да се најде начин во целото лудило да се посветиш на децата“, рече водителот.

Огњен откри и која особина особено ја цени кај сопругата Даниела, па призна дека таа нема никакви недостатоци.

"Ја ценам нејзината посветеност, истрајност, нормалност... Таа е жена која стои цврсто со двете нозе на земја и отсекогаш била таква. Таа ја држи нашата куќа во свои раце и го управува бродот на нашето семејство.
Таа е совршена - и токму тоа е еден од квалитетите што ги ценам кај неа - совршенството “, заклучи Огњен.

Инаку тој ѝ ја посвети песната „Македонка“ токму на Даниела, неговата сопруга.


извор:glossy.espreso.rs