Мерјем Узерли, актерката на која многумина се сеќаваат по улогата на Хурем Султан, секој слободен момент го поминува со својата ќерка која многу наликува на неа.
Ѕвездата на турската хит-серија „Величенствениот" во едно интервју призна дека Лара ја воспитува сама, а со нејзините обожаватели во последно време на социјалните мрежи споделува важни приватни моменти.
Во текот на бременоста, Мерјем помина низ вистинска приватна драма.Таа избега од насилниот свршеник Кан Атес. Тој во првиот момент се откажа од својата ќерка, а потоа побара старателство. Сепак, актерката се избори и денес таа е единствениот законски старател на малата Лара.