Ќеркичката на Јасмина, жената донор, наполни годинка: Министерот за здравство ѝ посака да ја наследи хуманоста на семејството

Министерот Филипче вчера ја запозна ќеркичката на 40-годишната Јасмина Василковска - донорот со чие срце беше направена третата трансплантација на срце во историјата на македонското здравство, а беа донирани и нејзините бубрези. 

Јасмина беше мајка на малата Лара која вчера наполни една годинка, покрај тоа беше посветена сопруга, сестра и снаа. 

Министерот ѝ посака да ја наследи хуманоста на нејзиното семејство кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство.

„Среќен роденден Лара. Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство.“


Срцето на Јасмина сега чука во градите на 39-годишна жена.