Клои Кардашијан пред еден месец доби син со помош на сурогат мајка, сега го откри неговото име: Зборува како е да се биде самохрана мајка на две деца
Старлетата Клои Кардашијан на почетокот на август со помош на сурогат мајка доби син со поранешниот партнер Тристан Томпсон.
Момчето е нивното второ дете, а Клои сега открива дека му го дале името Тео.
После тоа, таа откри како е да се биде самохрана мајка на две деца:
„Да можеш малите луѓе да ги обликуваш во навистина неверојатни и големи луѓе е чест, но и подарок. Знам дека е клише, но сакам сè, дури и тешките делови од родителството. Тоа може да биде страшно, но јас си ја сфаќам работата многу сериозно“, изјави таа за Elle.
„Треба сериозно да ги сфатиме тие улоги, особено во денешно време, кога децата имаат пристап до толку многу содржини и се изложени на толку многу информации на толку млада возраст“, додаде Клои.
Потсетуваме, Клои и Тристан раскинаа во декември минатата година, откако таа дозна дека тој повторно ја изневерил и добил дете со друга жена. Нивниот син е зачнат само еден месец пред целиот скандал.
извор:nova