Клуни се плаши за животот на Меган Маркл

Актерот Џорџ Клуни, кој е близок пријател со принцот Хари и со Меган Маркл, на новинарите им открил дека е загрижен за Меган. 

Клуни смета дека војвотката го чувствува притисокот кој ѝ го создаваат медиумите, а интересот на јавноста за неа ги преминал сите граници. Тој се плаши дека Меган би можела да ја доживее судбината на нејзината покојна свекрва, принцезата Диана.

„Меган е во седмиот месец од бременоста, а медиумите и фотографите ѝ го следат секој чекор. Ја прогонуваат на истиот начин на кој ја прогонуваа Диана. Видовме како тоа се заврши“, рекол познатиот актер.

Иако се зборуваше дека Клуни ќе биде кум на детето на Хари и на Меган, тој тоа го демантираше.