Кога ја родив ќерка ми, беше помала од мојата дланка и скоро проѕирна: 4 години подоцна луѓето не можат да им веруваат на своите очи кога ќе ја видат

Дека животот пишува романи и има свој тек што човечкиот ум не може да го разбере, докажува и малата Еди Медок-Џонс, која е родена со само 460 грама и помала од човечка дланка, а кожата и била скоро проѕирна ... бидејќи таа е родена во 23-та недела, сè укажувало на тоа дека Еди нема да преживее, но таа го стори токму тоа - ја победи лошата прогноза и реши да ги израдува своите родители!

Во првите две недели по раѓањето, Еди се борела со крварење во мозокот, пневмонија, сепса, ниско ниво на тромбоцити, недостаток на железо, срцеви шумови ... Лекарите им објасниле на нејзините родители Никол и Дејвид дека може да се појави ситуација да ги исклучат апаратите.

Мајка ѝ на Еди, Никол вели дека сè било во ред се до 23-та недела од бременоста, кога отишла на редовна контрола кај гинекологот.

„Се сеќавам дека бабицата ми рече: „Сè е нормално, но ти почна да се отвораш.“ И тоа беше почетокот на пеколот”, ја започна својата приказна Британката за „Сан”.

Лекарите направиле се‘ за бебето да биде во матката до 24-та недела, што се смета за минимум потребен за бебето да има шанса да преживее ... Но, Никол не успеала да издржи и раѓањето започнало. 

„Ме фати паника затоа што ќерка ми се роди толку рано. Се сеќавам на лекарот кој рече дека фетусот не е во можност да преживее ако се роди пред 24-та недела. Се чувствував беспомошно и скршено. Тој зборуваше за моето бебе како фетус, а за мене тоа не беше фетус - тоа беше нашето мало девојче“, вели жената. 

После 109 дена тешка и непрекината борба, Еди конечно можела да си оди дома - здрава и права. Денес, оваа девојка има четири години и е малку помала од нејзините врсници, но освен тоа, нема други проблеми - таа е среќна и радосна.

Инаку, нејзината мајка Никол ја опиша целата приказна за нејзиното искуство на својот блог, а тоа го стори откако одекна веста за девојчето Сајба, најмладата досега родена, која издржа еден ден помалку во утробата на нејзината мајка од Еди во матката на Никол. 

„Кога се роди Еди, тоа беше најлошиот период во мојот живот, и јас точно знаев како се чувствуваат родителите на девојчето. Исто така, знам колку е потребно мајката на предвремено родено бебе да се бори за своето дете да преживее. Лекарите мене ми рекоа дека моето дете нема да преживее, но Еди е доказ дека и најмалите бебиња можат да се борат за здрав и среќен живот “, рече Никол.



Фото: Инстаграм/nicola_madocjones

Можеби ќе ве интересира:

Малата Марис, родена со само 800 грама, по 62 дена во неонатална интензивна нега си оди дома