Вака изгледа кога ќе ви кажат дека сте отворени 10 сантиметри: Фотографијата покажува колку е напорно и болно породувањето

Пред извесно време Стефани Кристијан, пејачка од Мичиген, сподели фотографија која најдобро илустрира колку навистина е тешко породувањето.

Оттогаш, од време на време, фотографијата кружи на социјалните мрежи како поддршка за сите мајки.

- Еве што всушност значи кога ќе ви кажат дека сте отворени 10 сантиметри. Затоа заслужуваме се‘ што сакаме – напиша пејачката покрај фотографијата.


Породувањето, инаку, се состои од четири фази - фаза на дилатација, т.е. отворање на грлото на матката која има две состојби: латентна и активна. Потоа следи фазата на исфрлање - истиснување на бебето од матката и вагината, потоа фазата на плацентата и на крајот фазата на хемостаза - запирање на крварењето.

Фазата на дилатација започнува со латентна состојба. Ова е подготвителна фаза во која почнуваат да се појавуваат слаби, повремени и нередовни контракции на матката (во нередовни интервали), кои не се болни и кои го подготвуваат грлото на матката и доведуваат до негово скратување и целосно исчезнување, како и отворање на грлото на матката, до 2-3 см.

Латентната фаза трае неколку часа (понекогаш и денови) и не се вбројува во времетраењето на самото раѓање. Понекогаш трудниците се жалат дека нивното породување траело 24 часа, но лекарите не ја сметаат оваа латентна фаза 5, 3, 2 минути), кои се подолги (од неколку секунди до минута) и посилни и доведуваат до отворање на матката до 10 см, кога може да излезе главата на бебето. А како изгледа тој момент покажува и фотографијата која ја прикажа пејачката.


Фото: Фејсбук

Додека се породувала, момчето ја изневерувало: Се запрепастила од она што го видела во неговиот телефон