Кога останав бремена, забележав дека мојот стомак расте само на една страна: „Душо, како не си го знаела ова досега?“ ми рече бабицата за време на породувањето

„Мислев дека менструацијата треба да биде како кај мене, а потоа на породувањето ја открив вистината.

Мајка од Америка, Британи Џејкобс, дојде до големо и ретко откритие за сопственото тело, за време на породувањето.

Во моментов постои тренд на Тик-Ток во кој луѓето споделуваат ситуации кога лекарите целосно игнорираат дека нешто не е во ред со нивните пациенти.

А, меѓу „победниците“ на овој тренд се истакна Британи Џејкобс, која ја сподели нејзината приказна:

- Отсекогаш имав голема толеранција за болка и практично можам да се справам со сè, освен со менструацијата. Болката во тие денови ме расплачуваше. Крварењето беше екстремно обемно, сепак, мислев дека кај мене едноставно е така. Покрај тоа, секогаш имав две одделни менструации месечно, а сексуалните односи беа исклучително болни - вели Британи.

На 25-годишна возраст, таа забременила со своето прво дете и забележала дека стомакот и расте само на едната страна. Потоа дошол моментот на породување, и моментот на вистината - се открило дека Британи всушност има две вагини.


„Бабицата погледна надолу и рече: „Душо, имаш две вагини, две матки и две грла на матката", раскажува Британи. Така оваа млада мајка сфатила дека поминала четвртина век не знаејќи дека има две вагини."

По породувањето, официјално ѝ беше дијагностицирана двојна матка (uterus didelphys). Британи објаснува дека има само еден отвор, но дека, како и во носот, тој е одделен со преграда што ја дели на две матки.

- Отсекогаш мислев дека тоа е химен и мојот сопруг го сметаше истото. Кога се породив, му ја кажав веста преку Скајп и тој ми рече: „Па, тоа има смисла, и мене ми се болни сексуалните односи со тебе“, вели Британи.

За време на породувањето, преградата му ја блокирала главата на бебето, па немало излез. Иако имала можност за царски рез, Британи се одлучила за опцијата за пресекување на преградата, септумот.

Она што е добро е што отстранувањето на преградата ѝ донесе олеснување во менструацијата, која сега е помалку болна. Британи остана бремена и по втор пат, повторно во истата матка.

- Мислам дека другата страна веројатно не е плодна за мене - заклучи таа.

Сега е горда мајка на две дечиња.

View this post on Instagram

A post shared by Brittany Jacobs (@coveredatoz)


извор:zena.blic.rs