Кога сака да биде забележана од сите, Тамара Калиниќ ја носи оваа чанта: Зимскиот моден избор на најпознатата српска инфлуенсерка го шармираше целo Миланo
Тамара Калиниќ стана модна инспирација за многу жени ширум светот
Една од најпопуларните инфлуенсери кои Србија ги има, Тамара Калиниќ, повторно успеа да ги воодушеви жените ширум светот со својот софистициран моден вкус.
За неа секоја сезона е вистинска инспирација, па зимата е резервирана за топли јакни, тренди капути и други зимски додатоци.
Сепак, постојат и оние парчиња од кои таа не е подготвена да се откаже во текот на ниту една сезона, а тоа се познатите „Биркин“ чанти. Таа неодамна се појави со една таква и направи вистински бум на социјалните мрежи.
Имено, на фотографијата која Тамара ја објави на Инстаграм може да се види нејзиниот најнов зимски моден избор кој се состои од прекрасна светла зимска јакна и модерни чизми во најпрактичната црна боја.
Сепак, тоа не го привлече вниманието на јавноста, туку нејзината чанта „Биркин“ која одлично се совпаѓаше со бојата на јакната.
Инаку, Тамара Калиниќ е позната по тоа што овие чанти се нејзина голема страст и дека не се двоуми да потроши цело богатство на нив. Познато е дека овие чанти се едни од најскапите во светот, а најскапата чини неверојатни 500.000 долари.
Да потсетиме, „Hermès Birkin“ е една од најубавите и најскапите чанти во светот и врвниот статусен симбол. Нивната цена варира од 9.000 до половина милион долари, зрачат со луксуз и нема љубител на модата кој не е маѓепсан од нив.
Некои ги сметаат за подобра инвестиција отколку купување злато и акции.
Извор: glossy.espreso.co.rs