Кога се родила докторите занемеле, а мајка ѝ ја оставила штом ја видела: Децении подоцна открија што ѝ е на црвената девојка

Девојче се родило целото црвено и нејзината мајка се исплашила и го остави своето дете штом го здогледала. По три години, малото „црвено“ девојче по име Муи било посвоено од млад брачен пар кој сè уште не размислувал за раѓање деца, но кога ја виделе Муи, решиле да ја посвојат.

Лекарите им рекле дека веројатно нема да живее долго. Во тоа време, тие сè уште не ни знаеле зошто Муи е црвена. Но, и покрај сè, брачната двојка Томас ја посвоиле.
Тие сакале да ѝ го направат животот поубав, барем она малку што ѝ останало. 

Муи денес има 23 години и е една од четирите најстари личности што живеат со оваа болест, а лекарите погрешиле во врска со неа. Љубовта од нејзините родители ја одржува во живот и ѝ дава сила.

Во 2012 година година всушност лекарите утврдиле кој е проблемот со Муи. Таа има сериозно генетско нарушување наречено ихтиоза на Арлекин. Луѓето кои страдаат од тоа губат исто толку кожа за една ноќ колку и просечната личност за две недели. Затоа нејзината кожа е толку тенка, црвена и склона кон инфекции.

Иако откриле од што страда, не им било полесно, ниту пак имало лек. Таа морала да се соочи и да се бори со потсмев и грубост не само од нејзините врсници, туку и од минувачи на улица кои довикувале и мавале по неа, но Муи никогаш не се предаде. Автор е на книгата „Девојчето зад лицето“, игра и рагби, иако е ограничена поради болеста.

извор:Beograd.in
фото:printscreen