Кога жена сака промени, почнува од косата: Анета Љумаковска со нова тренди фризура

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Анета Љумаковска сака да експериментира со нејзината коса. И со формата, должината и бојата.

Имаше период кога Анета имаше боб рамна фризура со костен боја, потоа се одлучи за брановидна форма. Нејзината работа е таква што трпи промени, па и пејачката ги прифаќа советите од нејзините соработници.

Промените на косата кај секоја жена се добредојдени, велат кога жената сака да промени нешто во животот, започнува од својата коса.

Последната промена на Анета е во бојата на нејзината коса. Се одлучи за црвенкаста боја и повторно боб фризура. Иако досега во вакво издание не сме ја виделе, одлично и прилега новата промена.

Фото: Инстаграм
РЖМ