Кога жената ќе ја помине 50-тата треба да заборави на овој стил на облекување: Модните експерти тврдат дека изгледа евтино
Според модните експерти, жените над 50 години не треба да носат одредени работи.
Една од најстрогите модни критичари, Ана Винтур издвои едно модно правило кое треба да го почитуваме доколку сакаме да изгледаме елегантно, а кое многу жени го прекршуваат.
На помладите, неискусни девојки кои трагаат по сопствен стил, модните грешки секогаш им се простуваат. Сепак, се чини дека постарите жени, особено оние над 50 години, им се замерува за секоја ситница.
Модните експерти дојдоа до листа на модни парчиња на кои секоја жена над педесет треба да заборави. Па да видиме што има на списокот.
Проѕирна облека
Како што велат дизајнерите, проѕирната облека е наменета за помладата популација. Зрелите жени изгледаат премногу вулгарно во овие парчиња. Она што го наведуваат како алтернатива се парчиња со делови кои се изработени од тантела или сличен проѕирен материјал како здолништа со делови од тантела, макси здолниште со еден проѕирен дел, блуза со чипкани ракави и слично.
Кратки маици
Ниту една жена не смее да си дозволи вакво парче облека, без разлика колку добро изгледа. Кроп топовите кои го откриваат стомакот се наменети за помлади девојки. Маица со струк е далеку подобар избор во овој случај.
„Skinny“ и искинати фармерки
На жените во 50-тите повеќе им одговараат поженствени стилови на фармерки, како што се панталони со длабок струк или класични панталони со прави или малку пошироки ногавици кои одлично се комбинираат со потпетици исто како на фотографијата подолу.
Премногу накит
Како што велат многу стилисти, не треба да претерувате со накитот по 50-тата година, бидејќи тогаш треба да владее умереноста, а трупањето може само да ви додаде години, пишува Крстарица.
Дали има нешто што би додале или одзеле од оваа листа? Дали модата знае за годините или е дозволено се што сакате, без разлика колку дизајнерите велат дека не одговара на вашите години.
Фото: pinterest.com/ Профимедиа/freepik