Кој е сопругот на Елена Велевска: Од идиличен брак до семејно насилство па прошка

Добивај вести на Viber

Минатата година беше турбулентна во љубовниот живот на фолк-пејачката Елена Велевска. По десет години брак, таа во август минатата година, изјави дека се разведува од бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Познатата пејачка го запознала сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година. Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.

- Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував - раскажа Велевска во едно интервју.

Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.

- Би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај. Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам..Животот за нас оди понатаму – напиша тогаш таа на „Фејсбук“.

Тој не сакаше медиумски да се експонира, а таа во секое интервју повторуваше дека го има најдобриот маж на светот. 

- Тој гледа дека сум успешна во професијата и не сака да ми се меша во работата. Кога имам дилема во некој избор секако дека се консултирам со него. Во таа насока секогаш ми помага - изјави Велевска во едно интервју.

Сопругот Мирчевски тогаш за „Вистина.мк“ изјави дека сѐ уште живеат заедно во семејната куќа во Охрид.

- Треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене.. Сега одеднаш сум станал семеен насилник што е кривично дело - изјави Мирчески.

- Да бев само јас во прашање знаев ова како да го направам многу безболно, но во прашање се трите мои деца кои што не сакам да читаат разни глупости, да подлегнуваат под стапиците што ги создава нивниот татко – истотака изјави Велевска.

- Сѐ уште не сум разведена. Она што требаше да го превземам, го направив, меѓутоа тоа не зависи од мене. Чекам судот да одлучи и кога ќе имам информации ќе кажам официјано дека сум разведена. А, сега сакам сите некултурни, нетрпеливи луѓе да ме поштедат, пред сѐ да ги поштедат моите деца, бидејќи навистина поминуваме низ еден тежок период. Децата одат на училиште и не сакам да се соочуваат со коментари, па и прашања - изјави Велевска еден месец по објавата дека се разведува, за „Бекстејџ“. 

Но сепак на крајот на семејната драма и следуваше разрешница, па пејачката ја промени својата одлука и не стави крај на бракот.

- По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање – откри тогаш Велевска.

Овие денови последна информација која е поврзана со бракот на Велевска е дека има ново момче, но официјална потврда дека се разведува нема.