Кој ги носи кај нас? Или ги мразите, или ги сакате- гломазните мокасини се тренд број еден
Гломазните мокасини во последно време ги носат сите, од супермодели до модни уредници и инфлуенсери
Едно е сигурно, мокасините со дебел ѓон или ги сакате или пак ги мразите, но тие се на модниот трон веќе неколку сезони по ред, а се едни од омилените обувки на нашите најпознати модни блогерки.
Откако добија печат на одобрување од познатите „ИТ“ девојки како Бела Хадид и Хејли Бибер, ваквиот модел на мокасини се распродаде неколку пати низ светот и ги носат сите, од модни уредници до инфлуенсери и супермодели. Иако станува збор за исклучително специфични чевли, тие дефинитивно си го заслужија своето место во модната куќа на славните и тоа со добра причина.
Се прашувате зошто сите парадираат во модел на мокасини со дебел ѓон?
Класични се, удобни, одговараат и со елегантни, но и со покежуал модни комбинации.
„Прада“ е една од врвните модни куќи кои во својата колекција додаде вакви класични мокасини за сите оние кои сакаат нивната модна инвестиција да зрачи со луксуз.
Досега сме виделе многу еклектични комбинации со овие мокасини. Хејли Бибер ги спои со бели чорапи и предимензионирана јакна, додека Бела Хадид се фотографираше со широки фармерки и винтиџ кожен елек. Најпознатата српска инфуленсерка пак ги искомбинира на уникатен начин.
Привлечноста на ваквите мокасини очигледно лежи во фактот што овој модел на чевли може да се носи на милион начини, а во исто време да изгледа лежерно и елегантно.
Мокасините се популарни и во нашата земја, а нашите модни инфлуенсерки ги комбинираат на свој начин овие омилени обувки за есенските денови.
Битолчанката ги обожава овие мокасини и може често да забележиме модни комбинации со нив на нејзиниот профил на Инстаграм. „Училишен стил“, црна комбинација со бели чорапи и мокасини или пак елегатно фустанче со дезенирани хулахопки- одлично одат со секој моден избор.
Ксенија Деспотоска
Прилепчанката пак ваквите обувки сака да ги носи со посветли модни парчиња, без разлика дали станува збор за панталони или фустанчиња.
Антонија Локвенец
Кај оваа инфуенсерка знае да измеша класичен и спортски стил, а мокасините се само јаготка на шлагот на ваквите комбинации.
Софија Јанева
Јанева исто така сака да ги комбинира со здолниште и да облече бели чорапи под нив. Нејзините есенски комбинации добиваат посебен шмек со вакви обувки.
Овие македонски инфуенсерки имаат профили на Инстаграм кои изгледаат како оние на светските блогерки со неколку милиони следбеници. Од нив дефинитивно може да добиете инспирација за уникатни модни комбинации со вакви мокасини.