Кој ќе ја наследи Лепа Брена?

Добивај вести на Viber

Познато е дека Лепа Брена му е најголема поддршка на синот Стефан, кој тргна по нејзините стапки и почна да се занимава со пеењe и ќе ја наследи познатата мајка. 


Фолк-ѕвездата која на 15 декември ќе одржи концерт во Скопје, својот син ќе го носи на турнеја низ Австралија следната година, за да го воведе во тајните на бизнисот. 


Брена и претходно, синот го носеше на турнејата низ Америка. Таа е актуелна со албумот „Зар је важно дал се пева или пјева“, по кој е насловена новата турнеја. Во спотот за оваа песна, Брена носталгично се сеќава на Југославија и на времето на снимањето на филмовите “Хајде да се волимо“. Драган Бјелогрлиќ, Никола Којо, дел од членовите на нејзината група „Слатки грех“ се дел од спотот, како и неколку познати босански актери. 

Фото: Курир.рс