Кој не полуди тој не е нормален: Бијело Дугме во казиното

Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Воичиќ-Тифа ветуваат одлична забава вечерва во Скопје, на концертот на "Бијело Дугме" кој се одржува по повод отварањето на казиното "Фламинго" во хотелот "Мериот".

„Вечерва сме тука од љубов за Скопје. Ќе ги свириме старите песни,ќе ни биде убаво. Кој не полуди, тој не е нормален“, изјави Бреговиќ во свој стил.

 Ален Исламовиќ рече дека во Скопје е на свој терен.

„Веќе ја знаеме енергијата на публиката во Скопје", рече Исламовиќ на пресот во новоотвореното казино.

 Концертот почнува во 21 часот на Плоштадот Македонија.

 М.Џ.

 Фото: В.Тануровски