Која е иранската принцеза со раскошна убавина: Нејзиното семејство е протерано од Иран, а таа ја следи модата на секој чекор

Цел свет ја запамети убавата Сораја Есфандијари Бахтијари како принцеза со тажни очи, а младата принцеза Нор Пахлави е доказ дека Иран има прекрасни принцези.

Наследник на тронот и најстар син на шахот бил Реза Пахлави, кој своето детство го поминал во иранските палати. Со промената на власта во Иран и соборувањето на неговиот татко Мухамед Реза Пахлави од тронот, престолонаследникот го продолжи животот како бегалец.

View this post on Instagram

A post shared by Noor Pahlavi (@noorzpahlavi)



Кралското семејство ја изгубило својата моќ, но не и големото богатство што го поседувале.



Реза Пахлави ја запознал младата Јасмин, која тогаш имала само 17 години и веднаш се вљубил во неа. И покрај разликата во години, тој не можел да и одолее. Љубовната врска ја започнале во 1985 година, а една година подоцна ја крунисале со брак, во кој имаат три ќерки - Нор, Иман и Фару.



Принцезата Нор денес има 30 години и е најстарата од сестрите и првиот член на потесното иранско кралско семејство родена надвор од Иран. Денес, таа е добро познат член на високото општество во Америка, додека обично се вели дека комбинира два света: модерен меѓународен начин на живот со традиционално иранско наследство.

Нор е жена која плени со својата убавина, а покрај големото богатство и луксуз во кој пораснала, ги немала и кралските привилегии кои ги имал нејзиниот татко во детството.



„Се што можам да направам е да ги ценам иранските вредности што ги носам во себе и да ги усогласам со американските вредности што исто така ги имам, кои ме принудуваат да бидам она што сакам да бидам“, рече Нор.



Покрај нејзината прекрасна убавина, Нор е високо образована и сестрана. По завршувањето на средното училиште во Мериленд, таа исто така дипломирала психологија на Универзитетот Џорџтаун. Своето знаење го подобрила на Универзитетот Колумбија, по што се вработила како консултант во непрофитната инвестициска компанија „Акумен“.

Освен со психологија, Нор се занимава и со манекенство и ги красеше насловните страници на престижните списанија, меѓу кои „Harper's Bazaar Arabia“, „Vogue Arabia“ и „Cosmopolitan Indonesia“.

Љубовта кон модата ја наследила од нејзината мајка Јасмин, како и од нејзината баба Фара Пахлави. „Таа ме запозна со некои од најголемите дизајнери на денешницата, од кои многумина беа нејзини пријатели и ме инспирираше да поддржам нови креатори“, рече Нор.



Благодарение на нејзините деловни потфати, таа успеа да изгради богатство чија вредност се проценува на 1,5 милиони долари. Принцезата во слободно време се занимава и со активизам, додека тема на нејзин интерес е борбата против ракот на дојката од кој боледувала нејзината мајка.



Принцезата истакнува дека жените во Иран се главно запоставени, а нивното здравје во голема мера се игнорира. 

Деталите од нејзиниот љубовен живот не се познати, па не се знае дали на принцезата и е украдено срцето или сѐ уште го чека „принцот на бел коњ“.


Фото: Инстаграм

извор: zena.blic.rs