Која е преубавата адвокатка на Џони Деп која Интернетот ја обожава: Скроз ја „замолче“ Амбер на суд, а што значи прегратката со актерот?

Насловно фото: foto: Youtube/ Alicia Ke_reviews 

Адвокатката на Џони Деп, Камила Васкез (37) привлече големо внимание за време на вкрстеното испрашување на Амбер Херд. Таа дури и ги стекна своите обожаватели, а еве што треба да знаете за жената од правниот тим на холивудскиот актер.

Колку внимание привлече Камила Васкез, поточно колку ја привлече наклонетоста на фановите на Џони Деп на начинот на кој ја испрашуваше Амбер Херд, покажуваат сцените пред судот во Вирџинија каде се одвива судската парница меѓу поранешните сопружници, па можете да видите редици обожаватели кои чекаат да ја видат или гушнат адвокатката, пренесува „Њујорк пост“.

Која е Камил Васкез?

Камил Васкез работи за адвокатската фирма „Brown Rudnick“, која го застапува Џони Деп во случајот за клевета против Амбер Херд.

Нејзината адвокатска канцеларија се наоѓа во округот Оринџ, Калифорнија и се занимава со судски спорови и арбитража, се наведува на веб-страницата на компанијата. Областа на активност на Камил Васкез се токму случаите на клевета што Џони Деп ги покренал против својата поранешна сопруга, поради нејзиниот авторски текст во „Вашингтон пост“ од 2018 година, во кој таа индиректно го обвини за семејно насилство.

Васкез дипломирала на Југозападниот правен факултет во 2010 година и на Универзитетот во Јужна Калифорнија во 2006 година со почести.

Која е нејзината улога во адвокатскиот тим на Џони Деп? И како таа ги воодушеви фановите?

Камила Васкез е една од многуте адвокати во тимот на славниот актер, а до израз дојде при вкрстеното испрашување на Амбер Херд.

Адвокатката го започна сослушувањето во вторникот (17-ти мај) со прашање за тврдењето на актерката дека нејзиниот поранешен сопруг физички ја малтретирал со шише бурбон, во март 2015 година во Австралија.

„Вие сте таа што нападна некого со шише во Австралија, нели, госпоѓо Херд? Вие воопшто не се плашевте од него, нели?“, праша таа.

Амбер одговорила: „Јас не го нападнав Џони во Австралија. Никогаш не го нападнав“.

Васкез ја принуди актерката да признае дека не го исполнила ветувањето за донација од седум милиони долари за ACLU, а таа упорно ја застапуваше тезата дека Амбер фотошопирала фотографии со модринки, што другата страна го негирала.

Обожавателите на Џони Деп особено забележале како таа ја „пецна“ актерката велејќи дека нејзиниот поранешен сопруг и помогнал да добие улога во „Аквамен“.

„Не, г-ѓо Васкез. Ја добив таа улога на аудицијата“, рекла Амбер.

Обожавателите на актерката на Твитер велат дека ја обожаваат Камила Васкез.

„Ти си кралица“, ја фалат поддржувачите на Деп

За разлика од друга адвокатка во тимот на Деп, Елејн Бредехофт, која се обиде да го смени текот на презентацијата на Амбер Херд, честите приговори на Камил Васкез речиси ја спречија актерката да зборува.

Судијката Пени Аскарате ги прифатила повеќето нејзини приговори, а нејзината агресивна, но успешна тактика на суд и ја донела титулата кралица, која и ја доделиле обожавателите на Деп. Ја нарекуваат и „лоша“ во најдобар можен контекст.

Најактуелното видео од судницата го погледнале 17,9 милиони луѓе на TikTok за само 24 часа, додека снимките од нејзиниот дел имаат вкупно 541,8 милиони прегледи.



Камила е пофалена и од колегите адвокати, а еден ја нарече ѕвезда без конкуренција.

Прегратката од судница за која сите зборуваат

Видеото во кое Камила и Деп се прегрнати стана вирално, а иако неговите обожаватели би сакале да се случи „нешто повеќе“ меѓу нив, неколку медиуми јасно ставија до знаење дека знаат дека нивната врска - како што е само дозволено - е строго професионална.


Меѓутоа, на прашањето на новинарите на ТМЗ дали има нешто романтично меѓу неа и Деп, таа само се насмевнала.


Извор: zena.blic.rs