Која е убавата Марија: Новата девојка на раперот Раста, 12 години помлада од него (ФОТО)

Откако се разведе од пејачката Ана Николиќ, Стефан Ѓуриќ - Раста вешто ги криеше емотивните партнерки. Не сакаше да зборува за приватниот живот, но љубовта дефинитивно не може да се сокрие.

Имено, како што пишуваат српските медиуми, Раста е во врска со 12 години помлада девојка, Марија Балабан, а заљубениот пар моментално е во Хрватска на море.

View this post on Instagram

A post shared by STEFAN (@stefanrasta)


Марија Балабан е новата девојка на Раста, со која раперот моментално се одмара на хрватското приморје.

- Раста е со новата девојка во Ловран. Тие се видени токму овде, и брзо се дозна дека тој е тука со својата нова девојка. Се однесуваат како заљубени тинејџери - се бакнуваат, се сликаат, ги посетуваат најубавите плажи овде, а колку што забележав, бираат некои подалечни, скриени места изјави извор за Pink.rs и додаде:

- Слушнав дека избрале едно од најскапите сместувања овде, кое им нуди најголема приватност. Уживаат и во базените и на плажите, а се видени и навечер во градот - очекувано во најскапите ресторани, јадат најквалитетни морски плодови и пијат вино - вели изворот.

View this post on Instagram

A post shared by Marija Balaban (@balabanmarija)


Инаку, Марија на 15 години ја напуштила родната земја и заминала во Австрија да студира глума.

Таа посетува Англиска театарска академија во Виена, па затоа театарот е нејзиниот втор дом.


Покрај актерството, популарна е и на Тикток, каде има над 80.000 следбеници на кои на хумористичен начин им го покажува однесувањето на една балканска мајка. „Нинџа воин“, како што самата се нарече на оваа апликација.


Таа е толку популарна на Инстаграм, каде што ја следат над 12.000 луѓе. Марија често објавува атрактивни фотографии.

View this post on Instagram

A post shared by Marija Balaban (@balabanmarija)


Инаку Раста од бракот со Ана има ќеркичка


View this post on Instagram

A post shared by STEFAN (@stefanrasta)


извор:stil.kurir

Раста прозборе на разводот за Ана Николиќ во „Еден на Еден“