Која го носи подобро: По розовите чизми, Карлеуша и Ким Кардашијан повторно во исти креации?

Добивај вести на Viber

фото: Ata/Christopher Polk/Getty Images via Guliver

Само тие две го можат ова - Јелена Карлеуша и Ким Кардашијан - две ѕвезди, чиј модни стилови поставуваат трендови.

 Досега многу пати се случувало двете да бидат забележани во исти модни комбинации или барем модни парчиња, поради што често се дискутира кој од кого видел.

Јелена Карлеуша не ретко, знае јавно да ја „обвини“ Ким дека ѝ ги копира аутфитите, како на пример завчера, кога објави дека токму таа го дизајнирала костимот за еден од нејзините настапи пред три години, а сличен таков носеше неодамна Ким Кардашијан.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Јелена Карлеуша досега има докажано безброј пати дека нејзиното чувство за мода е вродено и само може да се усовршува со текот на годините.

Нејзините модни изданија се оригинални, ексцентрични, провокативни. Таа сака да ги преминува границите и да си игра со стилови, а истото би го рекле и за Ким Кардашијан.

Таа често истакнува дека не ги следи слепо трендовите и дека не ѝ е потребна помош од стилист. Секое модно издание го прилагодува на нејзината личност.

Да се потсетиме дека неодамна, двете диви беа забележани и во идентични розови чизми над колена (со мала разлика во нијансата на бојата), што ретко кој би се осмелил да ги носи, освен нив две.

Па што мислите, која ги носи подобро?