Коктел Sex on the beach (РЕЦЕПТ): Направете сами освежителен пијалок и разладете се во овие жешки денови

Добивај вести на Viber

Коктелот Sex on the beach е особено популарен кај жените поради неговиот свеж овошен вкус и не е тежок за правење

Потребни состојки:

-Амарето, 15 мл

-ликер Southern Comfort, 15 мл

-вотка, 15 мл

-рум, 15 мл

-сок од ананас, 40 мл

-сок од портокал, 40 мл

Подготовка:

Во чашата ставете 2-4 коцки мраз.

Во шејкер истурете амарето, ликер, вотка, рум и сок од ананас и портокал.

Добро протресете ги состојките и послужете ги во висока, изладена чаша. Украсете по желба со парчиња овошје.


foto: freepik