Колку џепарлак треба да носи со себе детето за еден ден?

Секој родител се прашува колку пари како џепарлак е најдобро да му даде на своето дете? 

 Психолозите имаат одговор на оваа прашање, според нив зборувањето за пари дома може да започне на 5-годишна возраст, но обично започнува во прво одделение кога децата ќе започнат со броење.

„Дали и колку пари ќе имаат децата на ден во рана фаза треба да биде општа одлука на родителите да донесат на првиот состанок на родители т.е на првата родителска средба. Ако децата носат пари, во прво и во второ не треба да бидат тоа повеќе од триесет денари дневно, а за трето и четврто оддееление, може да им даваат родителите џепарлак на своите деца не повеќе од 50 денари“, советуваат психолозите.

Според нив, децата треба да бидат сместени во исти услови во рана фаза, затоа што ова создава чувство за еднаков почеток и ги прави посигурни и поуспешни во иднина.

Психолозите, исто така советуваат дека родителите треба да пробаат да го исплатата детето за цела недела, за да го научат да ги дистрибуира средствата, само да си ги разделува дневно и според неговите потреби.